ПРОЗОРЕЦ ЗА ОСТАВАЊЕ НА НЕСАКАНИ БЕБИЊА Во Загреб е отворен првиот таканаречен – Прозорец на животот
Оваа практика ширум светот функционира од доцните 90-ти. Во САД има над 70 такви кутии и тие се поставуваат во рамки на законот кој го декриминализира чинот на оставање на неповредени доенчиња.
Во Загреб е отворен таканаречениот Прозорец на животот, место кадешто мајките можат анонимно да ги остават несаканите деца. Прозорецот се наоѓа во рамките на манастирот Посета на Марија, веднаш до капелата Корпус Домини на Трешњевка на улицата Мошченичка.
Секоја мајка може да го отвори прозорецот и да го остави своето дете без страв од откривање на нејзиниот идентитет. Имено, иако собата за чување бебиња е опремена со видео надзор, таа не гледа на улица, туку само на креветчето односно инкубаторот со загреан гел.
Во моментот кога е сместено дете во него, се вклучува аларм за калуѓерките во манастирот и на мобилниот телефон на Алберта Врдољак, претседател на здружението Бетлеем Загреб.
Калуѓерките потоа го проверуваат видео надзорот и го носат бебето во манастирот, по што Врдољак го зема и ги известува надлежните служби.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.