ПРОШЕТАЈТЕ И НАМАЛЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА Обична прошетка може да им помогне на дијабетичарите, но важно е и кога се шета
Истражувачите откриле дека умерената физичка активност после оброк е значително поефикасна во контролирањето на шеќерот отколку физичката активност во други периоди од денот.
Дијабетесот или шеќерната болест може да се дефинираат како глобална пандемија бидејќи бројот на пациенти пораснал на ниво кое пред неколку децении би звучело нереално. Според најновите светски проценки, дури 463 милиони луѓе на возраст меѓу 20 и 79 години живеат со дијабетес, од кои 59 милиони се од Европа.
Она што загрижува е фактот што половина од нив не се дијагностицирани и не се лекуваат. Но, дијабетесот може да биде сериозна закана за здравјето, убивајќи повеќе од 4 милиони годишно, од кои 465.900 се Европејци и секој втор човек помлад од 60 години. За лекување на оваа болест на глобално ниво, трошоците за здравствена заштита се 759 милијарди долари.
Научниците од Нов Зеланд открија дека кратка прошетка после оброк кај луѓе со дијабетес тип 2 помага да се намали нивото на шеќер во крвта.
Истражувачите откриле дека умерената физичка активност после оброк е значително поефикасна во контролирањето на шеќерот отколку физичката активност во други периоди од денот.
Според нивната студија, прошетките после оброк се поврзани со просечно 22 отсто помал ризик од висок шеќер во крвта.
На луѓето со дијабетес тип 2 им се препорачува да бидат активни најмалку 150 минути неделно.
Промената на начинот на живот е најзначајна за ваквото зголемување бидејќи денес калоричната храна е најдостапна и најевтина. Исто така, поголемиот дел од работоспособното население работата ја врши седејќи најмалку осум часа, а кога на ова ќе се додаде и тоа што доаѓаат и да си одат од работа со автомобил или јавен превоз, физичката активност е сериозно намалена.