ПРОНАЈДЕНО „ЦВЕЌЕ“ НА МАРС Тоа е минерал од некогашното море (3Д-модел)

Се работи за соли, сулфати кои се таложеле на дното на некогашното море.

367

Роверот Кјуриосити(Љубопитност) сними нешто прилично примамливо неделава на површината на Марс. Иако предметот изгледа како мало цвеќе или можеби дури и како некој вид корал од морето, научниците потврдија дека овој објект е минерал, со деликатни структури кои се формираат од разни минерали кои се таложеле во некогашната вода, пишува НаученАларм.

Еве го 3Д-моделот кој можете да го вртите во просторот:

 






Mineral formation | Mars Curiosity Sol 3396 by semeion on Sketchfab

Кјуриосити всушност ги има видено овие типови на карактеристики и порано, кои се нарекуваат дијагенетски кристални кластери. Дијагенетски значи преуредување на минералите. Според Абигејл Фрејман, се работи за соли наречени сулфати, кои ги има и на Земјата.

Овие кластери тешко се ронат и се отпорни на ерозија. Тие прво биле дел од некоја поголема карпа.

Не е првпат Кјуриосити да наоѓа вакви „цвеќиња“. Во 2013 година роверот откри карпи кои беа наречени „карфиоли“.

Поврзани содржини