ПРОНАЈДЕНА Е ПЛАНЕТА СО УСЛОВИ НА ЖИВОТ Што знаеме за новооткриената интересна „супер-Земја“?
Новооткриената супер-Земја HD 20794 d има шестпати поголема маса од Земјата и следи елипсовидна, наместо кружна, орбита. На планетата ѝ се потребни 647 дена за да орбитира околу „неговото Сонце“, 40 дена помалку од Марс .
Планетата HD 20794 d, „само“ оддалечена 20 светлосни години, орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето и би можела да обезбеди важни индиции за формирањето на Земјата и на животот надвор од нашиот Сончев систем, објави Спејс.
Истражувачите од Институтот за астрофизика на Канарските острови (ИАК) и Универзитетот во Ла Лагуна (УЛЛ) го потврдија постоењето на т.н. планета.
Терминот „супер-Земја“ не кажува ништо за површинските својства или можната населливост на планетата, но супер-Земјите даваат важни информации за различноста на планетите во нашиот универзум и за нивните можни услови за живот.
Новооткриената супер-Земја HD 20794 d има шестпати поголема маса од Земјата и следи елипсовидна, наместо кружна, орбита. На планетата ѝ се потребни 647 дена за да орбитира околу „неговото Сонце“, 40 дена помалку од Марс .
Со оглед на нејзината орбита, таа е на вистинско растојание од ѕвезда слична на Сонцето за да има течна вода на нејзината површина, што е предуслов за постоење на живот.
Астрономијата често е детективска работа, во 2022 година, постдокторскиот соработник на Институтот за физика на Универзитетот во Оксфорд, д-р Мајкл Кретигние, откри необичен сигнал додека ги испитуваше архивираните податоци.
Тоа би можело да биде егзопланета надвор од нашиот Сончев систем што орбитира околу ѕвезда како нашето Сонце.