„ПРОКЛЕТСТВОТО НА ДЕВОЈКИТЕ НА ДИКАПРИО“ Зошто актерот со секоја од нив раскинува откако ќе наполнат 25 години? (ФОТО)
Последна во низата на поранешни девојки на холивудскиот актер е манекенката и актерка Камила Мороне, со која четири години беше во врска.
Актерот Леонардо Дикаприо и манекенката Камила Мороне се разделија само два месеци по нејзиниот 25-ти роденден. Се чини дека последното раскинување го зајакнува образецот кој го воспостави 47-годишниот актер дека никогаш јавно не излегува со жена постара од 25 години.
„Проклетството на девојките на Дикаприо“ пред неколку години го забележал и корисник на Редит и објавил графикон на кој се гледа дека оскаровецот никогаш не бил во врска со девојка постара од 25 години, а ова сега ѝсе случило на Камила, со која беше четири години во врска.
Кога имал 24 години, Дикаприо започнал врска со манекенката Жизел Бундшен, која тогаш имала 18 години. Актерот со неа бил во врска пет години, од 2000 до 2005 година, а Жизел сега е во брак со Том Брејди, еден од најпознатите американски фудбалер на сите времиња.
View this post on Instagram
По раскинувањето со бразилската манекенка, актерот на една забава ја запознал манекенката Бар Рафаели. Таа тогаш имала 20 години, а непосредно пред да наполни 25 години, раскинале. Како причина било наведено дека тие се оддалечиле, а исто така се зборувало дека пријателите и семејството го притискале Дикаприо да се смири.
View this post on Instagram
Дикаприо во 2011 година бил во петмесечна врска со актерката Блејк Лајвли, која тогаш имала 23 години. Тие се запознале за време на Канскиот филмски фестивал, а Блејк сега е во среќен брак со актерот Рајан Рејнолдс.
View this post on Instagram
Следната година, Лео излегуваше со ангелот на Викторија, моделот Ерин Хетертон, која тогаш имала 22 години. Двојката беше во врска 10 месеци пред да се разделат во октомври 2012 година, наводно поради „неусогласените распореди“, а младата манекенка наводно била уништена по разделбата со актерот.
View this post on Instagram
По Ерин, Дикаприо завршил во романтична врска со друг ангел на „Викторија сикрет“, моделот Тони Гарн. Со манекенката со германско потекло беше во врска 18 месеци, а во моментот на раскинувањето таа имаше 21 година. Според таблоидите, Гарн раскинал со него откако бил забележан како излегува од ноќен клуб во Мајами со 20 жени.
View this post on Instagram
Со актерката Кели Рорбах, Дикаприо се забавуваше во 2015 година. Таа тогаш имала 25 години, а тој 40. Заедно уживале во природата, береле цвеќиња, возеле велосипеди, се шушкало дека се свршиле, но раскинале по само шест месеци.
View this post on Instagram
Откако Кели Леонардо се забавуваше со данскиот модел Нина Адгал. Иако многумина мислеа дека тогаш 42-годишниот актер може да се смири со неа, кога Нина наполни 25 години, тој ја остави, а изворите тогаш тврдеа дека причината за раскинувањето е тоа што актерот не бил подготвен да се смири.
View this post on Instagram
Во декември 2017 година, тој почна да се забавува со манекенката Камила Мороне, но тие не се појавија заедно во јавноста до доделувањето на Оскарите во февруари 2020 година. Леонардо, кој е 22 години постар од неа, ја запознал Камила во 2008 година, кога таа имала само 12 години, а еден со друг ги запознал нејзиниот очув, Ал Пачино.
View this post on Instagram
По бројните критики, Камила на Инстаграм објави фотографија од Лорен Бекол и Хемфри Богарт бидејќи меѓу нив имало 25 години разлика, но нејзините следбеници сепак ѝ пишувале дека нивната врска ќе заврши кога таа ќе наполни 25 години.
„Само што прочитав некои од коментарите на мојот Инстаграм. Боже мој, луѓето се злобни и полни со гнев кон луѓето за кои ништо не знаат. Се надевам дека луѓето ќе научат да живеат со помалку омраза и ќе го фокусираат своето време и интереси на друго место, бидејќи животот без омраза е убав“, коментирала тогаш Мороне. Но, изгледа дека нејзините следбеници биле во право што ја предупредиле.
ФОТО: Инстаграм