ПРОИЗВОДИ ЗА МЕРАК, ДАМИ ЗА ПРИМЕР Недела на бестрашни жени-производителки на храна и пијалаци

Ако сте од оние што сакаат да знаат од каде доаѓа храната што ја купуваат и им ја сервираат на своите најмили, тогаш еве идеја каде можете да ја искористете паузата за ручек и за да јадете и за да испазарите за дома и за да се запознаете со производителките. Да, да, сите се жени, бидејќи утре почнува неделата на бестрашни жени

533

Бестрашни жени-производителки на храна и пијалаци утре (6 март), од 11 до 16 часот во ресторанот „Гранче“ во комплексот Мида во Скопје, ќе ги претстават своите производи, а младата Сара Трајковска ќе ги спакува во мали, слатки и здрави оброци кои ќе се најдат на утрешното мени.

За сите оние кои сакаат да знаат од каде потекнува храната што ја купуваат и храната што им ја сервираат на своите најмили, наместо да го одберат полесниот пат – да одат во супермаркет и да купат храна за која не знаат ништо, утре во „Гранче“ ќе можат да присуствуваат на интересна дружба со жените, локални производителки на храна и пијалаци, членки на Slow Food Vodno.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини