„ПРОГЕРМАНСКА“ ПОДЕЛБА НА ЕВРОПА Карта на културата во ЕУ од играчка направи плачка (ФОТО)
Целта на мапата воопшто не била поделба, но резултатот е кавга на интернет. Мапата била направена според идеите на австрискиот истражувач Питер Јордан, кој сака да создаде модел на културни простори што „ги исклучуваат националните и политичките фактори“. Значи, Европа само на култури, без држави и нации.
„Големата карта на поделбата на Европа според културно-просторни критериуми“ објавена од научници од Германија, Австрија, Швајцарија и други земји ги разбранува социјалните мрежи. Некои критичари, како луксембуршкиот политиколог Флоријан Бибер ја нарекоа картата „апсурдна и проблематична“ во време кога Европа е културолошки динамична, кога не постојат јасни граници. Мапата тој ја воочил прикачена на вебсајтот на познатиот комитет за географски имиња СтАГН, а е цитирана од книга од 2007 година.
„Ја ценам германската прецизност, но идејата дека може да се нацртаат уредни линии на културните простори е искрено апсурдна и длабоко вознемирувачка“, напиша тој на Твитер.
Целта на мапата воопшто не била поделба, но резултатот е кавга на интернет. Мапата била направена според идеите на австрискиот истражувач Питер Јордан, кој сака да создаде модел на културни простори што „ги исклучуваат националните и политичките фактори“. Значи, Европа само на култури, без држави и нации.
I appreciate German precision, but the idea that one can draw neat lines of ‘Kulturräume’ culture spaces is frankly absurd and deeply troubling. pic.twitter.com/k97iGO8kJV
— Florian Bieber 🇺🇦 (@fbieber) March 5, 2023
Но, познавачите веднаш забележаа дека тоа е мапа која во прв план ги става германските зони на влијание. Еден твитерџија забележа дека во мапата има делови од Украина и Романија кои некогаш, во времето на Хабсбурговците биле отцепени од страна на Австроунгарската империја. Тие делови се ставени во Централна Европа, додека речиси целата останата Украина е во Источна Европа. Друг твитерџија пак, забележува дека еден Англичанец не би се сложил со оваа германоцентрична мапа, односно дека цела источна Германија според Англичаните би припаднала во Источна Европа.
Според мапата, од балканските земји, Хрватска и Словенија заедно со регионот Војводина културолошки спаѓаат во Централна Европа. Оваа имагинарна граница ја пресекува Романија на две, а пресечена останува и Франција.
Идејата на австрискиот истражувач Џордан била оваа Централна Европа да биде првиот простор каде ќе им се стави крај на глобалните и политички антагонизми кои особено влијаат врз Европа, или барем за нив ќе се дискутира.
Како одлучил Јордан да изземе некои региони во оваа Централна Европа – каде во преден план е земено германското влијание? Тој користел осум критериуми.
Тие се:
– историското влијание оставено од германската и еврејската култура,
– сукцесијата на протестантизмот и католицизмот додека православието и исламот играат само споредна улога
– раниот развој на урбаниот систем и средната класа во однос на Источна Европа
– раното постоење на слободни селански класи
– традицијата на локална и регионална самоуправа
– културна различност во државите
– политичка и економска тенденција кон континентализам
– доцната индустријализација во споредба со Западна Европа, но рано во споредба со Источна Европа
Картата ја објавил Постојаниот комитет за географски имиња (СтАГН), тело кое се занимава со стандардизација на географските имиња на германскиот јазик. Тоа е независен академски комитет без суверени функции, а во него членуваат научници од Германија, Австрија, Швајцарија и други земји од германско говорно подрачје.