ПРИВРЕМЕНАТА ТЕТОВАЖА МОЖЕ ДА ИМА ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ Безопасна забава или сериозна закана за здравјето?
„Имајте на ум дека со овој вид пигментација на кожата, со секое нанесување го ставате здравјето на детето/адолесцентот во опасност бидејќи привремената тетоважа содржи парафенилендиамин (PPD)/урсол, кој има многу висок потенцијал да предизвика силни алергиски реакции, т.е. контактен алергиски дерматитис“, предупредува дерматовенерологот д-р Јуракиќ Тончиќ.
Привремените тетоважи се одамна се популарни кај децата и адолесцентите, особено во текот на летните месеци. Иако навидум безопасни и забавни, тие можат да претставуваат сериозна закана за здравјето. Дерматовенерологот и субспецијалист по дерматолошка онкологија, прим. д-р сц. Ружица Јуракиќ Тончиќ, д-р мед., даде силно предупредување до родителите преку својот Инстаграм профил: привремената тетоважа може да има трајни последици.
„Имајте на ум дека со овој вид пигментација на кожата, со секое нанесување го ставате здравјето на детето/адолесцентот во опасност бидејќи привремената тетоважа содржи парафенилендиамин (PPD)/урсол, кој има многу висок потенцијал да предизвика силни алергиски реакции, т.е. контактен алергиски дерматитис“, нагласува д-р Јуракиќ Тончиќ.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.