ПРИСТИГНА ПРВИОТ AI-ТУТОР ОД МАКЕДОНИЈА Умниверзум ќе им помага на учениците со математичките потешкотии

Се работи за првиот AI-агент од Македонија кој користи повеќемоделен протокол за да овозможи најголема точност при решавање на математички задачи, чекор-по-чекор објаснувања и можност за натпревари - со целосна поддршка на македонски јазик, велат од Бреинстер за бесплатниот тутор развиен од студенти и професори на Бреинстер Некст колеџот и НУ Академијата.

398

Првиот агент со вештачка интелигенција Умниверзум, денеска, 14 април, ќе биде промовиран во Македонија.

Туторот кој е наменет да им помага на учениците по математика, според Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академијата, кои стојат зад проектот, е „достапен 24/7 и е најдобар во светот“.






Бреинстер им овозможува бесплатен пристап на првите 1.000 корисници кои ќе се пријават на umniverzum.com.

„На настанот премиерно ќе биде презентиран ‘Умниверзум’, бесплатниот AI-тутор по математика кој е достапен 24/7 и веќе тестиран со 100% точност во решавање задачи. Развиен целосно од студенти и професори на Бреинстер Некст колеџот и НУ Академијата, со поддршка од професори и алумни на Бреинстер академиите, „Умниверзум“ е наменет за средношколци кои имаат потреба од поддршка во учењето, особено за оние кои немаат пристап до приватни ресурси за истото“, велат од Бреинстер и ги канат сите на промоцијата.

Фото: Бреинстер

Настанот кој ќе се одржи во 18 и 30 часот во Театар Комедија ќе биде шести од серијалот „Од Креативност до Кариера“, посветен на една од најрелевантните теми на денешницата: „AI & YOU“, односно на улогата на вештачката интелигенција во образованието, кариерата и личниот развој.

„Ве покануваме на промоција на иновацијата која ќе го смени на подобро македонското образование“, додаваат од Бреинстер.

Во написот на Бреинстер се вели дека учениците во Македонија во моментот заостануваат зад своите врсници од Европската унија и дека токму Умниверзум 1.0 Бреинстер интелигенцијата е, како што велат, директен одговор на овие резултати, решение на овој проблем.

„Последното ПИСА истражување (2022) ја рангираше Македонија на 61. место по математика од 81 земја. Според информациите од Министерството за образование, нашите ученици заостануваат 3,5 години споредено со нивните врсници од ЕУ, и имаат 900 часа помалку настава до 15-годишна возраст“.

 

Понатаму, од Бреинстер порачуваат дека „воедно, се работи за првиот AI-агент од Македонија кој користи повеќемоделен протокол за да овозможи најголема точност при решавање на математички задачи, чекор-по-чекор објаснувања и можност за натпревари – со целосна поддршка на македонски јазик“.

На настанот збор ќе земат Игор Трајковски – основач на time.mk, Ивица Пешовски – CTO, Brainster, д-р Владимир Трајковиќ – стартап ментор, Анја Марија Макеска – CMO, Brainster и Петар Ниновски – основач на Brainster и NU Академијата.

„Дополнително, на настанот ќе може да се слушнат инспиративни предавања, дискусија како AI ќе ги трансформира работните позиции и ќе биде лансирана AI практичната академија на Бреинстер“, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини