ПРИСЛУШУВАЛЕ, ХАКИРАЛЕ И ЗАПЛАШУВАЛЕ ЧЛЕНОВИ НА СУДОТ ВО ХАГ Израелските служби со години се бореле да не излезат обвиненија, тврди „Гардијан“

Истрагата на „Гардијан“ и израелските списанија „+972“ и „Local Call“ откриваат како Израел водел речиси децениска тајна војна против судот. Земјата ги ангажираla своите разузнавачки агенции да ги следат, хакираат, притискаат, оцрнуваат и наводно им се закануваат на високи функционери на МКС во обид да ги спречат истрагите на судот.

749

Британскиот весник „Гардијан“, во соработка со два други медиуми, објави ексклузивна истрага која откри како израелските разузнавачки агенции се обиделе да го спречат гонењето на воените злосторства во Меѓународниот кривичен суд(МКС).

Главниот обвинител на МКС Карим Кан издаде потерници истовремено по Нетанјаху и по лидерите на Хамас, што наиде на реакции низ целиот свет.






Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во истрагата е опишан како опседнат со разузнавачки активности и со прислушување.

Сега истрагата на „Гардијан“ и израелските списанија „+972“ и „Local Call“ откриваат како Израел водел речиси децениска тајна војна против судот. Земјата ги ангажираla своите разузнавачки агенции да ги следат, хакираат, притискаат, оцрнуваат и наводно им се закануваат на високи функционери на МКС во обид да ги спречат истрагите на судот.

Израелското разузнавање ги пресретнало комуникациите на бројни претставници на МКС, вклучително и на главниот обвинител Карим Кан и неговиот претходник како обвинител Фату Бенсуда, прислушувајќи телефонски повици, пораки, е-пошта и документи.

„Разузнавањето е во тек во последниве месеци, давајќи му на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху однапред информации за намерите на обвинителите. Неодамнешното пресретнување сугерираше дека Кан сакал да издаде налози за апсење на Израелците, но бил под „огромен притисок од Соединетите американски држави“, објави „Гардијан“, цитирајќи извор близок до предметот.

Бенсуда, кој како главен обвинител ја отвори истрагата на МКС во 2021 година, отворајќи го патот за минатонеделното соопштение, исто така бил шпиониран и наводно заплашуван.

Нетанјаху покажа особен интерес за разузнавачките операции против МКС, при што еден разузнавачки извор го опишува како „опседнат“ со прислушување поврзано со случајот.

Тајната операција против Бенсуда, која ја откри „Гардијан“ во вторникот, лично ја водел блискиот соработник на Нетанјаху, Јоси Коен, кој тогаш бил директор на израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад. Во еден момент, шефот на Мосад дури побарал помош од тогашниот претседател на Демократска Република Конго, Џозеф Кабила.

Заедничката истрага на „Гардијан“ и други медиуми се заснова на интервјуа со повеќе од дваесетина сегашни и поранешни израелски разузнавачки и владини функционери, високи претставници на МКС, дипломати и адвокати запознаени со случајот на МКС и напорите на Израел да го поткопа објавувањето на потерницата за Нетанјаху.

На прашањето на „Гардијан“, портпаролот на МКС изјавил дека судот бил свесен за „проактивни разузнавачки активности извршени од голем број национални агенции непријателски настроени кон судот“.

Портпаролот рекол и дека МКС постојано спроведува контрамерки против таквите активности и дека „ниту еден од неодамнешните напади на националните разузнавачки агенции“ не ги прекршил основните докази на судот, кои останале безбедни.

 

Поврзани содржини