ПРИРОДНО ПОРОДУВАЊЕ, АМА НЕ ПО ЦЕНА НА ЖИВОТ Смртните случаи во Велика Британија ја прекинаа кампањата
Во моментов се истражуваат 1.862 случаи во кои бабиците и акушерите во Велика Британија се осомничени за невнимание и притисок врз мајките да се породат природно по секоја цена.
Националната здравствена служба на Велика Британија ја прекина политиката на поттикнување „нормално породување“, поради стравувања за безбедноста на мајките и бебињата, пишува Тајмс.
По серијата скандали кои се припишуваат на инсистирањето на природно породување на сметка на безбедноста, на породилиштата им беше наредено да престанат да ја проценуваат сопствената работа врз основа на уделот на царски рез во вкупниот број раѓања.
Во претходниот период породилиштата беа „казнети“ доколку имаа високи стапки на царски рез. Има индиции дека тоа доведе до најголемиот скандал во историјата на Националната здравствена служба и до смрт на десетици новороденчиња во некои болници. Во моментов се истражуваат 1.862 случаи во кои акушерките и акушерите се осомничени за невнимание и притисок врз мајките да се породат природно по секоја цена.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.