ПРИРОДНИ КРЕМИ ПО РЕЦЕПТОТ НА БАБА Мајка и две ќерки прават органска козметика и се разубавуваат со истата

44-годишната Билјана Шукриева почнала да прави креми за лице откако за време на првата бременост добила агресивна алергија од сонце која не успеала да ја смири со ништо, освен со кремот за лице што го правела нејзината баба. Денес, токму по овој малку модифициран рецепт, таа и нејзините ќерки прават неколку природни креми за различни намени

1,905

Радовишанката Билјана Шукриева има 44 години и две ќерки, 21-годишната Нада која студира на медицинскиот факултет во Скопје, отсек логопед и 16-годишната Васија која учи во средното училиште за мода и дизајн во Струмица. За време на бременоста со Нада таа добила силна алергија на сонце. Во тој период била вработена во фармацевтска куќа за производство на лекови и козметика, но ниту таму не си го нашла лекот.

„Во 2001 година бев бремена со мојата прва ќерка и добив толку агресивна алергија на сонце што сите деловите од телото кои не беа заштитени од облека ми се иритираа, кожата ми поцрвенуваше, се појавуваа пликови и многу ме чешаше. Дерматологот беше ограничен со изборот на терапијата затоа што бев бремена и ништо од тоа што ми препиша не ми помогна.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини