ПРИРАЧНИК ЗА КУПУВАЊЕ ВО РУБЉИ Што значи новиот Путинов указ за „непријателските“ земји?

Уредбата не подразбира трајна промена на валутата за плаќање, туку само воведува нова процедура за порамнување, за плаќањето на крајот во рубља да стигне до рускиот добавувач. На овој начин тоа не ги прекршува постоечките договори, бидејќи купувачите ќе продолжат да вршат плаќања во нивната валута што ја избираат.

873

Иако останува нејасно од кога и како ќе се извршува наводното „плаќање во рубљи“ за непријателските земји кое со посебен указ вчера го потпиша рускиот претседател Владимир Путин, порталот РусијаДенес открива некои од деталите. Според РТ, евроспките земји ќе треба да отворат сметка во овластена руска банка, најверојатно Газпромбанк, но сè уште ќе можат да плаќаат во валута по свој избор. По плаќањето банката ќе ги размени нивните пари во рубљи и ќе ги пушти на руската берза.

Ова до негде го објаснува вчерашниот телефонски разговор меѓу Путин и Шолц, во кој, според Дојче Веле и Ројтерс, Путин сепак го уверил германскиот канцелар дека Германија ќе може да продолжи да плаќа во долари или евра. Со други зборови, Русија преку оваа мерка ја штити рубљата, но не ги прекршува сегашните договори со европските земји. Според други аналитичари, пак, самиот систем со тек на време, индиректно ќе ги принуди европските земји, сепак, да си сменат рубљи и да имаат сопствена резерва.






Денот Д е тука, но мерките уште се во најава. Според Дмитриј Песков, пак, првиот човек на Кремљ, за Европа директно да плаќа за гасот во рубљи, ќе треба време, пред сè поради технички причини. Дали вирманите кои ќе треба да се отворат техничките причини на кои мислеше Песков?

Едно е сигурно, мерките би ги опфатиле сите 27 земји на ЕУ, но и САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Јапонија, Тајван, Јужна Кореја, Швајцарија, а од Балканот, „непријателските“ Црна Гора и Македонија.

Дали странските компании мора да купуваат рубли?

Не мораат. Уредбата нуди можност за отворање сметка во овластена руска банка, како што е Газпромбанк, која веќе е една од главните финансиски институции преку кои се вршат плаќањата за рускиот гас. Купувачот потоа ќе го префрли плаќањето на гасот на оваа сметка (во целосна согласност со договорните услови и во валута по свој избор), која банката потоа ќе ја продаде на берзата за рубли, ќе ја кредитира сметката на купувачот во рубљата и ќе ги префрли средствата до операторот со гас кој ќе го испорача гасот.

фото: твитер/принтскрин

Дали исплатите во рубља ги прекршуваат тековните договори?

Уредбата не подразбира трајна промена на валутата за плаќање, туку само воведува нова процедура за порамнување, за плаќањето на крајот во рубља да стигне до рускиот добавувач. На овој начин тоа не ги прекршува постоечките договори, бидејќи купувачите ќе продолжат да вршат плаќања во нивната валута што ја избираат.

Дали отворањето сметка е во спротивност со западните санкции?

Не. „Газпром“ не ги прекршува суштинските услови на постојните договори со нововоспоставената процедура, но во исто време ја почитува одлуката на Путин за пренос на плаќањата за гас во рубљи.

Што ако земјите одбијат да отворат сметка?

Според рускиот претседател, нивните договори за гас може да бидат поништени.

– Доколку непријателските земји не плаќаат во рубли почнувајќи од 1 април, ние ќе го сметаме ова за неисполнување на договорите за гас, во кој случај постојните договори ќе бидат укинати – објави тој во четвртокот.

Поврзани содржини