ПРИКАЗНАТА ЗА ДВОГЛАВАТА МУМИЈА ВИСОКА 3,66 МЕТРИ Имало ли џиновски луѓе во Патагонија во 1637 година?
Патагоните или Патагониските џинови биле раса на џиновски луѓе за кои се вели дека живееле во Патагонија и се опишани во приказните на првите Европејци кои стапнале овде. Се вели биле најмалку два пати повисоки од нормален човек, односно од 3,7 до 4,6 метри.
Човек со две глави висок 3,66 метри, наречен Патагонискиот џин претставува загатка за научниците до ден-денес, а неговата мумија стара речиси четири века поминала неколку музеи за да заврши во приватна колекција во САД. Зошто и како во низината Патагонија живееле толку високи луѓе уште во времето кога Шпанците со бродови дошле да ја колонизираат Јужна Америка е неразјаснето, но интересот за овој артефакт раскажува импресивна приказна.
Легендата вели дека Кап Два бил двоглав Патагониски џин, висок кој некогаш живеел во џунглите на Аргентина во Јужна Америка. Шпанските морнари го врзале за главниот јарбол за да го заробат, но тој се ослободил и се здобил со смртоносна повреда за време на битката што следеше. До смрт му го прободувале срцето со копје. Но, пред тоа џинот веќе одзел четири животи на шпански војници.
Што се случило со Кап Два после тоа не е точно јасно, но се смета дека неговото мумифицирано тело било изложувано на различни настани. Во 1914 година, двоглавата мумија заврши лаво стариот Вестон Бирнбек Пјер. Следните 45 години таа била изложена во Северен Сомерсет, Англија, а во 1959 ја купил лордор Томас Хауард.
Уште неколку препродажби и мумијата завршила во Балтимор во САД, во бизарна колекција од необични предмети на сопственикот Томас Гербер и неговата сопруга. Не е докажано дека тоа е вистинското тело на Кап Два.
Магелан се сретнал со џинот, а тој мислел дека дошле боговите
Патагоните или Патагониските џинови биле раса на џиновски луѓе за кои се вели дека живееле во Патагонија и се опишани во приказните на првите Европејци кои стапнале овде. Се вели биле најмалку два пати повисоки од нормален човек, односно од 3,7 до 4,6 метри.
Првото спомнување на овие луѓе доаѓа после патувањето на португалскиот морепловец Фердинанд Магелан и неговиот екипаж, кои тврделе дека ги виделе џиновите додека го истражувале брегот на Јужна Америка на пат кон островите Малуку. Тоа било во 1520-тите кога Магелан сакал да го обиколи светот.
Антонио Пигафета, еден од ретките преживеани од експедицијата и хроничар на експедицијата на Магелан, во својот извештај напишал:
„Еден ден одеднаш видовме гол човек со џиновски раст како танцува, пее и фрла прашина на главата на брегот на пристаништето. Генералниот капетан (Магелан) испрати еден од нашите повисоки луѓе за да може да ги изврши истите дејства како овој во знак на мир. Откако го направил тоа, човекот го однел џинот на островот каде го чекал генерал-капетанот. Кога џинот го сретна генерал-капетанот во наше присуство, тој се восхити и направи знаци со еден кренат прст, верувајќи дека сме дошле од небото. Беше толку висок што стигнавме само до неговата половина …“
Имале долга коса и црвено-кафеава кожа
Подоцна, Себалт де Вирт, холандски капетан поврзан со истражување на бреговите на Јужна Америка и Фолкландските Острови јужно од Аргентина во 1600 година, и неколку од неговите екипажи тврделе дека виделе членови на „џиновската раса“ таму. Де Вирт опишал одреден инцидент кога бил со своите луѓе во чамци кои веслале до остров во Магелановиот теснец.
Холанѓаните тврделе дека виделе како се приближуваат седум чамци со необичен изглед полни со голи џинови. Овие џинови наводно имале долга коса и црвено-кафеава кожа и биле агресивни кон екипажот.
Постоел ли Кап Два?
Џинот Кап Два има свои поддржувачи, но и свои клеветници. Еден извор вели дека студентите од Универзитетот Џон Хопкинс направиле магнетна резонанца на телото на Кап Два, потврдувајќи ја неговата структура на телото.
Според една статија во списанието Фортеан Тајмс, Френк Адеи се сеќава дека ја видел мумијата во Блекпул околу 1960 година.
– Немаше траги од конци или други „зглобови“, иако телото беше главно облечено. Во 1930-тите, двајца лекари и радиолог го прегледаа во Вестон и не најдоа видливи докази дека е лажно – изјавил тој.
Има многу спротивставени приказни за Кап Два. Ако тој навистина постоел, неговата џиновска мумија би била изложена во некој музеј, тогаш научниците би можеле детално да ја истражат. Меѓу другото, ДНК анализа на крвта би можела да покаже за неговиот род, односно од каде тој човек потекнувал.