ПРИГОЖИН ШУРУВАЛ СО УКРАИНЦИТЕ? Шефот на Вагнер бил двоен крт, а сакал да се повлече од Бахмут
Најинтересното? Пригожин дури одржувал лични состаноци со претставници на ГУР во една неименувана земја во Африка.
Водачот на платеничката група Вагнер кон крајот на јануари се пазарел со Украинците да им ги разоткрие позициите на руските војници, а за возврат тие да дозволат Вагнер да се повлече од клучниот град Бахмут, открива Вашингтон Пост. Весникот се повикува на податоци кои протекоа на социјалната мрежа Дискорд.
Според информациите Евгениј Пригожин, наречен и „готвачот на Путин“ бил во функција на двоен агент. Познато е дека Пригожин долго време го критикуваше Владимир Путин дека не му испраќа доволно муниција и оружје на платениците за да се пробијат во градот и јавно зборуваше дека е „заглавен“ во Бахмут, па дури и дека Кремљ намерно ја оставил на цедило оваа група.
Во новите податоци се вели дека Пригожин стапил во директен контакт со украинската разузнавачка служба ГРУ. Анонимен извор од ГРУ вели дека имало неколку разговори во кои Пригожин нудел да се испазари, но дека Киев ја одбил понудата бидејќи не му верувал на „шефот на Путин“.
Најинтересното? Пригожин дури одржувал лични состаноци со претставници на ГУР во една неименувана земја во Африка.
Познато е дека Вагнер се на мисија во неколку африкански земји каде ги чуваат владите.
Претходно, медиумуите пишуваа за шпекулациите дека Вагнер ќе се повлече од Бахмут и ќе се посвети само на африканските мисии. Пред извесно време Вагнер доби нова рунда оружје од Кремљ. Истовремено, украинските сили обзнанија дека успеале да вратат околу 16 километри од обрачот околу градот.
Пригожин е во директен конфликт со министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Тој го нарече Владимир Путин „тотално ѓубре“, а го навреди и францускиот претседател Емануел Макрон велејќи дека „ќе ги извадиме скапаните заби од таа уста“.