ПРЕВЕНТИВЕН ДНК СКРИНИНГ ЗА РАК И СРЦЕВИ БОЛЕСТИ Младите Австралијанци добиваат можност за бесплатен тест преку плунка
Бесплатниот генетски скрининг тест кој открива кој е изложен на поголем ризик од рак на дојка и јајници кај жените или рак на простата кај мажите е достапен за младите луѓе во Австралија
Првиот превентивен ДНК скрининг тест за проценка на ризикот од рак и срцеви заболувања стана достапен за младите луѓе во Австралија. Тие сега можат бесплатно да користат ДНК тест на плунка за да откријат дали се соочуваат со зголемен ризик од некои видови на рак и срцеви заболувања, кои можат да се спречат или рано да се лекуваат доколку се откријат, се наведува во првата светска студија DNK Screen.
ДНК скрининг тестот открива болести кои често остануваат неоткриени
Овој национален проект, предводен од Универзитетот Монаш и поддржан од истражувачи и лекари ширум Австралија, ќе обезбеди прегл на најмалку 10.000 луѓе на возраст од 18 до 40 години за гени кои го зголемуваат ризикот од одредени видови на рак и срцеви заболувања, кои често остануваат неоткриени. ДНК Скрин е првата светска превентивна студија за ДНК скрининг креирана посебно за процена на ДНК скрининг на населението преку националниот здравствен систем. Тестот е бесплатен и вклучува ставање примерок од плунка во мала епрувета која се добива по пошта и се враќа назад во плик со платена поштарина. На оние за кои ќе се утврди дека се изложени на висок ризик по ДНК-тестирањето, околу еден од 75 тестирани, или 1,3 отсто од нив, ќе добијат објаснување на нивната ситуација од специјалисти и ќе им бидат понудени генетско советување и мерки за превенција, како што се редовни скенирања и прегледи.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.