ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОЛУМБИЈА ЛАЖЕЛ ДЕКА ДЕЦАТА СЕ СПАСЕНИ? Уште се трага по четирите браќа и сестри во Амазонската џунгла

Повеќе од 100 војници со кучиња ја пребаруваа џунглата на местото на несреќата, а надеж им дало тоа што наишле на „засолниште изградено на импровизиран начин од стапови и гранки“.

345

Уште не се пронајдени четирите браќа и сестри кои исчезнаа во Амазонските шуми откако авион се урна во Колумбија. Тамошниот претседател Густаво Петро вчера на Твитер напиша дека децата се спасени, но доцна синоќа вооружените сили ја демантираа неговата „радост за земјата“.

Се работи за момчиња на возраст од единаесет месеци, четири и девет години и нивната 13-годишна сестра. Повеќе од 100 војници со кучиња ја пребаруваа џунглата на местото на несреќата, а надеж им дало тоа што наишле на „засолниште изградено на импровизиран начин од стапови и гранки“.






Некои извештаи сугерираат дека децата можеби биле пронајдени со чамец на оддалечена локација и допрва треба да стигнат официјалните лица, кои рекоа дека претседателот бил „дезинформиран“, без да наведат детали.

Други се прашуваа како четири мали деца можат да преживеат 18 дена во толку тешки услови.

Поврзани содржини