ПРЕСПА ЈА ЧЕКААТ ГОЛЕМИ ЕКОЛОШКИ ЧЕКОРИ Акцијата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ е само почеток

Ова не се само еколошки, туку и здравствени, економски и социјални проблеми...затоа што , не е доволно само да зборуваме за потребно е конкретно дејствување со заеднички сили - изјави Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии, кој го спроведува проектот.

791

Општина Ресен, Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ и еко-здруженијата во регионот со здружени сили и големи промени во општината ќе се обидат да ги едуцираат граѓаните на Преспа и регионот дека фрлањето агропестициди и секаков отпад во 38 диви депонии околу Преспанското Езеро носи тешки последици.

Денеска започна кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, симболична акција за чистење на здружението Еко Герила Преспа со доброволци од 8. и 9. Одделение од училиштето „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор.






– Ова не се само еколошки, туку и здравствени, економски и социјални проблеми…затоа што , не е доволно само да зборуваме за потребно е конкретно дејствување со заеднички сили – изјави Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии, кој го спроведува проектот.

Тој најави дека во наредните месеци, преку оваа кампања ќе се спроведат дискусии со локалното население и со бизнис секторот, теренски акции, настани за подигнување на јавната свест, ангажирање во училиштата до медиумски содржини… – велејќи дека огромна поддршка за акциите ќе дадат Еко Герила Преспа и Македонското еколошко друштво.

Општината ја посочува постоечката градска депонија (која не регионална), каде што граѓаните ќе можат да го фрлаат отпадот, додека започнува голема стратегија за управување во отпадот -и во градот и во околните места.

Градоначалникот на Ресен Јован Тезиовски вели дека ова е само мал почеток за масовните акции кои следуваат, но и чекори од општината и од комуналното претпријатие.

– Влегуваме во чистење на 30 вакви локации, но и подигање на јавната свест за селектирање отпад, компостирање и слично кај јавноста – вели градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски на прес-конференција апелирајќи граѓаните да не фрлаат ѓубре на дивите депонии.

На прашањето дали се пишуваат казни, градоначалникот вели дека инспекторите се активни на терен, но дека не секогаш може да се постигне.

– Ќе пробаме со еден проект на снимање на депониите. Но, најголемиот импакт е преку ваквите акции со кои им даваме до знаење на граѓаните дека фрлањето на диви депонии не е во ред.

За во иднина, градоначалникот најавува и обновување на компостарата за биотпад од јаболка што треба да ги натера овоштарите, кои сочинуваат огромно мнозинство од населението, да го носат биоотпадот таму, а за возврат да добиват ѓубриво за своите јабелка, што ќе биде замена за агропестицидите – најголемиот еко-проблем во регионот, кој го загрозува и еутрофира Преспанското Езеро.

– Ние во Преспа навистина имаме што да зачуваме. Ова е само мал почеток на она што следува во иднина.

Директорот на Јавното комунално претпријатие на Преспа „Пролетер“ Марчел Русу вели дека очекува со новите две возила кои доаѓаат во претпријатието да се засили собирањето отпад и да се продре во депонии каде што порано не било чистено.

– Со тоа практично ќе биде покриена целата територија на регионот – рече Русу.

Тој вели дека возниот парк ќе биде полека обновуван во претпријатието преку разни проекти.

Според градоначалникот, пак, возниот парк ќе биде клучен за обновувањето на компостарата, која инаку е во добра форма.

Големите промени кои ја чекаат Преспа ќе значат заедничко ангажирање на сите, од граѓаните, овоштарите, општината, здруженијата. Надлежните велат дека има доволно средства и логистика.

Една од најавените промени е и воведувањето селектирање на отпадот во градот, хартија и пластика, а потоа постепено и во селата.

Сите говорници и чинители на настанот, од најмладите до најстарите, се согласуваат дека е време за циркуларна економија и за нова еколошка свест во убавата Преспа.

Поврзани содржини