ПРЕРАСКАЖИ МИ ЈА КНИГАТА КАКО СОСТАВ ЗА НА УЧИЛИШТЕ Понекогаш е тешко да се препознае дали составот го напишал ученик или вештачка интелигенција

Истражувањата покажуваат дека прекумерната употреба на вештачка интелигенција кај младите води до чувство на осаменост, а негативно влијае и на креативното размислување. Родителите треба да ја ограничат употребата на ваквите алатки и да поминуваат повеќе време со децата, бидејќи ниту една технологија не може да ја замени емоционалната врска

351

„Прераскажи ми ја книгата Бела грива, но како состав за во училиште.“

Оваа реченица ја нашла Драгана Јанковиќ на мобилниот телефон на нејзината деветгодишна ќерка, внесена во апликацијата ChatGPT – програма која користи вештачка интелигенција за пишување и допишување.






Како одговор на прашањето, се појавил состав што девојчето го препишало и го прочитало следниот ден на училиште.
„Очигледно никој во училиштето не забележал ништо необично“, вели Јанковиќ за BBC на српски.

„На почетокот бев изненадена, но додека подетално го разгледував телефонот, сфатив дека веќе подолго време ја користи оваа апликација за побрзо да ги заврши домашните задачи“, додава таа.

Вештачката интелигенција претставува збир од програми што му овозможуваат на компјутерот да се однесува на начин кој ја имитира човечката интелигенција. Последниве неколку години, особено се популарни апликациите за допишување, кои се користат не само за секојдневни совети, туку и како форма на психолошка поддршка – нешто за што психолозите предупредуваат дека може да биде несоодветно.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини