ПРЕМНОГУ ЛЕКОВИ, ПРЕРАБОТЕНА ХРАНА И ПРЕМНОГУ ВАКЦИНИ Американски извештај прикажува ужасна слика за здравјето на децата

Стрес, премногу лекови, хемикалии, ултра-преработена храна – не ни се прва асоцијација за децата. Сепак, според новиот американски извештај на „Make America Healthy Again”, токму ова, заедно со премногу вакцини, се главните причини за хронични заболувања кај децата.

276

Комисија предводена од американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор објавил извештај во кој се вели дека преработената храна, хемикалиите, стресот и прекумерното препишување лекови и вакцини би можеле да бидат фактори за хронични заболувања кај американските деца.

Извештајот на комисијата, именувана по социјалното движење „Направи ја Америка повторно здрава“ (Make America Healthy Again или MAHA), се фокусира на она што се нарекува национална криза на растечки стапки на детска дебелина, дијабетес, рак, нарушувања на менталното здравје, алергии и невроразвојни нарушувања како што е аутизмот.






Според Кенеди, постои консензус меѓу членовите на комитетот да се даде приоритет на она што тој го нарекува криза со ултра-преработена храна и да се работи на подобрување на храната што ја јадат американските деца.

Во извештајот, исто така, се истакнуваат студии што ги поврзуваат здравствените нарушувања кај луѓето и животните со хербицидите глифосат и атразин, но не се повикуваат на специфични регулаторни промени или ограничувања за пестицидите што се користат во земјоделството. Се наведува дека овие хемикалии треба дополнително да се истражат.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини