ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТНОСТ ЕУ го казни ТикТок со 345 милиони евра
Платформата за кратко видео во кинеска сопственост, која рапидно расте во популарност кај тинејџерите ширум светот, прекршила голем број закони на ЕУ за приватност помеѓу 31 јули 2020 и 31 декември 2020 година, се вели во соопштението на ирската Комисија за заштита на податоци.
Интернет платформата ТикТок е казнета со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност во врска со обработката на личните податоци на децата во Европската унија, соопшти денеска водечкиот регулатор во ЕУ.
Платформата за кратко видео во кинеска сопственост, која рапидно расте во популарност кај тинејџерите ширум светот, прекршила голем број закони на ЕУ за приватност помеѓу 31 јули 2020 и 31 декември 2020 година, се вели во соопштението на ирската Комисија за заштита на податоци (DPC).
Ова е првпат DPC, водечкиот регулатор на ЕУ за многу важни светски технолошки компании, да го казни ТикТок во сопственост на ByteDance.
Бројни светски компании ја избраа Ирска за регионален центар, па DPC е еден од клучните регулатори.
Портпаролот на ТикТок објави дека не се согласува со одлуката, особено со висината на казната, и дека повеќето критики повеќе не се релевантни поради мерките што ТикТок ги воведе пред да започне истрагата на DPC во септември 2021 година.
DPC тврди дека, меѓу другото, во 2020 година, ТикТок стандардно ги поставил профилите на корисниците на возраст под 16 години на „јавни“ и дека ТикТок не потврдил дека корисникот всушност бил родител или старател на детето во случај на поврзување на сметката.
ТикТок додаде построги родителски контроли на Family Pairing во ноември 2020 година и ја смени стандардната поставка за сите регистрирани корисници под 16 години во „приватна“ во јануари 2021 година.
Од ТикТок во петокот рекоа дека планираат дополнително да ги ажурира поставките за приватност за да се направи разликата помеѓу јавните и приватните профили појасна и дека приватниот профил ќе биде стандардна поставка за новите корисници на возраст од 16 до 17 години кога подоцна ќе се регистрираат за апликацијата.
DPC на ТикТок му даде рок од 3 месеци да се усогласи со пресудата.