ПРАВИЛОТО ОД ПЕТ СЕКУНДИ Мит или вистина?
Следниот пат кога ќе испуштите парче храна на земја и само ќе ја дувнете прашината и потенцијалните бактерии, можеби би требало да размислите што ставате во уста. Иако правилото од пет секунди „ви дава дозвола“ да ја изедете храната откако ќе падне на земја и ќе остане долу помалку од пет секунди, всушност станува збор за мит, пишува Lifesavvy.
Експертот за храна Пол Досон во разговор со една од најуспешните жени во светот, Марта Стјуарт, ѝ рекол дека храната што ќе падне на подот секогаш ќе собере некакви бактерии, а количината на бактерии ќе зависи од тоа колку е чист подот, а не од тоа колку долго стоела храната на подот.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.