ПРАКТИЧЕН, НО БЕЗ ХРАНЛИВА ВРЕДНОСТ Со лебот-тост ќе внесете многу калории, малку влакна и нема да ве засити
Лебот – тост е практичен: има добар вкус, исечен е на кришки и спремен за јадење, а и долго трае. Но, белиот тост има и своја темна страна, пренесуваат германските медиуми.
Тост – лебот е најпопуларниот леб во Германија. Речиси секој трет леб продаден во Германија во 2021 година бил тост (27,9 отсто), покажуваат податоците на статистичкиот портал Статиста.
Причините се очигледни: правоаголните парчиња доаѓаат во многу варијанти, се чини дека траат вечно, а кога се тостираат, свежиот, сладок вкус на мекиот леб станува уште поинтензивен.
Експертите советуваат да не користите тост- леб, бидејќи може да доведе до болест.
Тост лебот нема речиси никаква хранлива вредност
Типичен тост намачкан со путер содржи многу шеќер, заситени масти, како и малку влакна и конзерванси.
Не ве држи сити долго, а има и многу калории од нездравите состојки.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.