ПРАИСТОРИСКИТЕ ЛУЃЕ ЕДВАЈ СЕ СПАСИЛЕ ОД ИСТРЕБУВАЊЕ Останале само 1.300, но се преселиле од Африка
Две неодамнешни истражувања ја поврзуваат човековата миграција со т.н. генетско „тесно грло“ (период кога популацијата нагло опаѓа, проследен со постепено зголемување на популацијата). Податоците од геномите и датирањето на хоминидните локации покажале дека миграциите и „тесното грло“ се случувале истовремено.
Пред 900.000 години, луѓето речиси изумреле. Предците на модерниот човек биле сведени на 1.300 единки што ги довело луѓето до работ на пропаст. Сега, ново истражување покажува дека тогаш луѓето масовно мигрирале од Африка.
Миграцијата на античките луѓе од Африка во Европа и во Азија тешко се реконструира. Најдобрите докази се состојат од оскудни наоди на коски и од камени артефакти кои се тешки за датирање. Две неодамнешни истражувања ја поврзуваат човековата миграција со т.н. генетско „тесно грло“ (период кога популацијата нагло опаѓа, проследен со постепено зголемување на популацијата).
„Тесното грло“ и разликата од 200.000 години
Истражување открило дека „тесното тело“ пред околу 900.000 години предизвикало губење на генетската разновидност, а според друго истражување, објавено неколку недели подоцна по проучувањето археолошки локалитети во Евроазија, „тесното грло“ датира пред 1,1 милиони години.
Поради разликата од 200.000 години во датирањето на „тесното грло“, тешко е да се утврди кој климатски настан го предизвикал или придонел за привремениот пад на човечката популација. Затоа, геолозите Џовани Мутони од Универзитетот во Милано и Денис Кент од Универзитетот Колумбија се обиделе попрецизно да утврдат кога почнало опаѓањето на популацијата.
Тие прво анализирале податоци за места каде што живееле раните хоминиди низ Евроазија и пронашле групација на места кои сигурно можат да датираат пред 900.000 години. Мутони и Кент ги споредиле нивните откритија со податоци за морските седименти, кои ги добиле преку изотопи на кислород кои ги покажуваат климатските промени во тоа време.
Голема суша и пад на океанското ниво
Соодносите на кислород во седиментните слоеви покажуваат дали климата била потопла или постудена во времето на таложење на минералите. Податоците од геномите и датирањето на хоминидните локации покажале дека миграциите и „тесното грло“ се случувале истовремено.
За време на транзицијата на средниот плеистоцен, глобалното ниво на океанот опаднало, а Африка и делови од Азија биле зафатени од суша. Хоминидите, кои тогаш живееле во Африка, се соочиле со тешки животни услови и со недостиг на храна и на вода.
За среќа, со падот на морското ниво, копнените патишта до Евроазија станале подостапни, а древните луѓе отишле во потрага по подобри области, што ги спасило.