📽️ ПОЗНАТА ГЛУМИЦА ЈА СПОМНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ОСКАРИТЕ „Древна земја, никако да ми излезе од мислите“
Клоуз која во 2019 година беше прогласена за една од 100 највлијателни личности во светот од страна на магазинот „Тајм“ е добитничка на бројни награди, ЕМИ, Златен Глобус...Таа има 76 години, а можеби е најпозната по улогата на Круела Де Вил во филмот „101 далматинец“ од 1996 година.
„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Тоа очигледно е многу стара земја. Многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“.
Вака изјави познатата глумица Глен Роуз во промо-видеото на Оскарите. Нејзината порака беше споделувана на социјалните мрежи во Македонија.
Клоуз која во 2019 година беше прогласена за една од 100 највлијателни личности во светот од страна на магазинот „Тајм“ е добитничка на бројни награди, ЕМИ, Златен Глобус…Таа има 76 години, а можеби е најпозната по улогата на Круела Де Вил во филмот „101 далматинец“ од 1996 година.
Имала осум номинации за Оскар за нејзините улоги во Светот според Гарп (1982), Големиот студ (1983), Природното (1984), Фатална привлечност (1987), Опасни врски (1988), Алберт Нобс (2011), Жена (2017) и Елегијата Хилбили (2020).