ПОЗНАТ КАРДИОЛОГ ТВРДИ: НЕ Е СЀ ВО ВЕЖБАЊЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ „Сум видел илјадници смртни случаи што можеле да се спречат“

Познат кардиолог открива пет клучни работи што треба да ги направиме за да избегнеме предвремена смрт и, како што истакнува, не станува збор само за вежбање и за јадење зеленчук.

197

Во својата објава на Инстаграм, која е прегледана речиси 500.000 пати, д-р Дмитриј Јаранов од Мемфис, кардиолог специјализиран за затајување и за трансплантации на срце, предупредува дека следниве фактори играат клучна улога за здравјето на срцето:

спиење,
загадување,
стрес,
орално здравје и
исхрана






– Откако лекував илјадници пациенти со срцева слабост, би сакал сите луѓе да го знаат ова пред да биде предоцна за нив. Ова се работите што навистина влијаат на вашето срце, а за кои никој не зборува – вели тој во виралното видео во кое ги наведува овие пет клучни елементи за здравјето на срцето.

– Кардиоваскуларното здравје не е само вежбање и јадење салати. Спиењето, стресот, воздухот што го дишете, па дури и цревата се важни – вели тој.

Сон, воздух, стрес, заби…

Спиењето помалку од осум часа навечер може да го зголеми ризикот од срцева слабост, мозочен удар или ненадејна смрт – предупредува тој.

Крвниот притисок обично се намалува за време на спиењето, но лошиот сон го нарушува овој процес, предизвикувајќи постојано висок крвен притисок, што е клучен фактор за срцеви заболувања, според експертите од Британската фондација за срце.

Д-р Јаранов, исто така, истакнува дека секојдневното изложување на загаден воздух и отежнатото дишење што произлегува од тоа, може да ги стврдне крвните садови и да доведе до таложење на плаки, лоша циркулација и поголем ризик од срцев удар.

Тој објаснува и дека живеењето во постојан стрес може да ги зголеми нивоата на кортизол, главниот хормон на стрес, кој потоа делува како причина за висок крвен притисок и воспаление што ги оштетува крвните садови.

Оралното здравје е уште еден помалку познат фактор што може да предизвика срцеви проблеми, што д-р Јаранов го вклучи на својата листа. Неправилната грижа за забите и оралното здравје воопшто, може да предизвика заболување на непцата, а воспалението поврзано со тоа може да го зголеми ризикот од срцев удар.

Сè повеќе смртни случаи од срцев удар кај помладите луѓе

Кардиологот истакнува уште едно важно прашање на кое луѓето треба да обрнат поголемо внимание, а тоа е подобрувањето на здравјето на цревата, бидејќи цревниот микробиом помага во регулирањето на крвниот притисок и холестеролот.

Тој додава и дека живеењето во области каде што здравата храна е слабо достапна води до лоши кардиоваскуларни исходи. Во овој поглед, тој минатата година предупреди за епидемијата на срцеви заболувања кај младите луѓе.

– Дебелината, дијабетесот и недијагностицираниот висок крвен притисок денес го поништуваат напредокот постигнат во претходните години, а сè повеќе гледаме случаи на предвремени кардиолошки смртни случаи – истакнува д-р Јаранов.

Поврзани содржини