ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ ГО МОЛАТ ЗЕЛЕНСКИ ДА СОПРЕ, ТОЈ НЕ САКА Познатиот новинар Херш тврди дека претседателот ја губи поддршката

Како што вели познатиот истражувачки новинар Сејмур Херш, во таа група земји спаѓаат балтичките и источноевропските земји, поточно Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија. Зеленски се противи, а со тоа, според Херш, ја губи поддршката од сојузниците.

826

Група европски земји предводени од Полска тајно го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прекине конфликтот, дури и по цена на негова оставка, на својот личен блог објави американскиот новинар и добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш.

„Таа група ја предводи Полска. Таа тајно го повикува Зеленски да најде начин да го прекине конфликтот – дури и ако тоа значи дека треба да поднесе оставка“, напиша Херш на платформата „Субстак“.






Како што додаде, во таа група земји спаѓаат балтичките и источноевропските земји, поточно Унгарија, Литванија, Летонија и Естонија.

Според Херш, украинскиот претседател не се согласува со тоа и почнува да ја губи поддршката од соседите.

Тој исто така објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден добива нецелосни разузнавачки информации за украинскиот конфликт.

– Ми рекоа дека некои од најдобрите разузнавачки информации за војната не доаѓаат до претседателот – тврди Херш.

ТИЕ И САМИ БИ ВЛЕГЛЕ ВО ВОЈНАТА, НО ПУТИН ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ Според Сејмур Херш Американците прават глупости од омраза

 

Поврзани содржини