📽 ПОТРЕСНА СЦЕНА ЈА ТРОГНА ХРВАТСКА Пожарникари спасија исплашено куче, сопственикот плачеше
Пожарникарите го забележале кучето, кое било само во куќата, како лежи мирно и исплашено. Го изнесоа кучето надвор и ги отворија сите прозорци за што побргу да се отстрани чадот, рекол пожарникар Зоран.
На интернет се шири видео на кое се гледа како сплитските пожарникари спасуваат куче од стан во кој избувнал пожар, објави Слободна Далмација.
– Бевме повикани од соседите кои забележаа големо количество чад, пожарот беше мал, мал дел од кујната гореше, а настана од тенџере кое останало на шпоретот и се запалило. Дојдоа колеги, го гаснеа огнот буквално со неколку литри вода, немаше многу оган, но имаше многу чад. Дури тогаш го забележале кучето, кое било само во куќата, како лежи мирно и исплашено. Го изнесоа кучето надвор и ги отворија сите прозорци за што побргу да се отстрани чадот – рекол пожарникар Зоран.
Тие стапиле во контакт со сопственикот, кој пристигнал во рекордно време.
– Штом го виде, го прегрна и пукна во солзи. На сите ни се заблагодари, дури и ме најде на социјалните мрежи и ми напиша убава порака – раскажал тој.
@zoranborovac113 Splitski vatrogasci spasili psa iz gorućeg stana. ❤️🙏💪 #foryoupage #fyp #balkan #firefighter #split #goviral #tiktok #croatia ♬ original sound – Zoran Borovac