ГО НАЈДОА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА „ГАЗПРОМБАНК“ Отишол на фронтот, ќе се бори за Украина за да го испере „минатото“
Моето враќање е покајание. Иако по националност сум Украинец, јас сум одговорен и за ова (за војната). Се срамам поради тоа, ќе се каам цел живот, бидејќи имам двојна одговорност - не сум само Русин. Јас сум роден овде, живеев овде во Украина 18 години, така што носам одговорност дупло, па и трипати повеќе, рече поранешниот потпретседател на „Газпромбанк“.
По вестите дека „Газпром“ го сопре гасот за Полска и за Бугарија, денеска проструи уште една информација. Игор Волобуев, потпретседател на „Газпромбанк“, кој беше баран откако ја напуштил Русија на 2 март ѝ се приклучил на одбраната на Украина, за да го „испере руското минато“, пренесува Јутарни.
Волобуев е роден во регионот Суми во Украина, а планира да остане во Украина „до победа“, објави британски Експрес. Тој ја опишува руската агресија како меѓународно злосторство, но оди и чекор понатаму. Тој тврди дека пред сѐ рускиот народ е одговорен за меѓународниот криминал.
– Путин не убива Украинци, не краде ВЦ-школки, не е Путин тој што силува жени. Рускиот народ го прави сето тоа – вели поранешниот руски банкар, а сега украински бранител.
Wow! Igor Volobuev, Vice President of Gazprombank left for Ukraine and said he doesn’t believe his colleague Avaev committed suicide. A few weeks ago Russia reported that Avaev killed his daughter and wife and then committed “suicide” https://t.co/e3rzCP8KQG
— Olga Lautman 🇺🇦 (@OlgaNYC1211) April 26, 2022
Волобуев не откри како влегол во Украина со руски пасош, но објасни дека рутата водела низ Турција, Латвија и Полска, а дека моментално е во Киев. Да ја напушти Русија тој веќе размислувал по анексијата на Крим во 2014 година, а кога почна војната годинава, тој не можел повеќе да чека.
Никој не знаел дека Волобуев ја напуштил Русија, а кога се открило, почнала потрагата по него. Набрзо потоа проструи шпекулацијата дека тој во Украина „продава тајни за работата на Газпромбанк“. Тој не знае дали против него е покрената кривична постапка во Русија.
– Моето враќање е покајание. Иако по националност сум Украинец, јас сум одговорен и за ова (за војната). Се срамам поради тоа, ќе се каам цел живот, бидејќи имам двојна одговорност – не сум само Русин. Јас сум роден овде, живеев овде во Украина 18 години, така што носам одговорност дупло, па и трипати повеќе – рече поранешниот потпретседател на „Газпромбанк“.
Тој ја коментираше и смртта на Владислав Аваев , друг поранешен потпретседател на „Газпромбанк“ и на Сергеј Протосени, поранешен менаџер на „Новатец“. Волобуев вели дека не верува во самоубиства и смета дека смртта на Аваев и неговото семејство е исценирана.
– Не знам што правеше Аваев, никогаш не го познавав и не сум слушнал ништо за него. Знам и дека во времето на неговото наводно самоубиство тој беше прв потпретседател на „Газпромбанк“. Не верувам дека можел да ги убие сопругата и ќерката, мислам дека е инсценирано. Зошто? Тешко е да се каже. Можеби нешто знаел и претставувал опасност – изјави Волобуев.
Според него, војната меѓу Русија и Украина трае веќе 20 години, а започнала со економски притисок.
– Задачата беше да се поврзе Украина со Русија како Белорусија. Тоа беше дел од војната. Морам да признаам дека учествував во тие војни со гасот додека работев во „Газпром“. Првата гасна војна беше на преминот од 2005 во 2006 година, втората во 2008 према 2009 година – рече Волобуев во интерјву за Медуза.