„ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСЕН“ АСТЕРОИД ЌЕ НИ ПРЕЛЕТА НАД ГЛАВА На 18 јануари ќе видиме „џин“ на небото

Како што објави НАСА, астероидот има пречник од 1.052 километри и период на ротација од околу 2.6 часа.

788

Огромен астероид се движи кон Земјата и ќе прелета покрај нашата планета на 18 јануари годинава, информираше НАСА преку Центарот за проучување на Земјата.

Астероидот е означен како 7482 (1994 PC1) и наводно е околу 2.5 пати поголем од Емпајер стејт билдинг во Њујорк и Голден гејт во Калифорнија.






Како што објави НАСА, астероидот има пречник од 1.052 километри и период на ротација од околу 2.6 часа.

Вселенската агенција го класифицираше овој астероид како „потенцијално опасен“ поради неговата големина и релативниот близок прелет околу нашата планета.

Се очекува астероидот да пројде покрај Земјата на 18 јануари, но на одалеченост од 1.98 милиони километри.

Станува збор за астероидот „Аполо“, кој го открил австралискиот астроном Роберт Мекнот во 1994 година.

Овој астероид прави целосен круг околу Сонцето за една година и седум месеци. Огромниот „вселенски патник“ може да се набљудува дури и со најобичен телескоп, но видлив е на секои 47 години.

Следниот пат кога ќе помине астероидот толку близу до Земјата, се очекува да се случи во 2105 година.

Астероидот се движи со брзина од 70.515 километри на час, а на ноќното небо изгледа како ѕвезда која паѓа.

Поврзани содржини