ПОСВОЈУВАЊЕТО НЕ Е ЕДНОСТАВНА АЛТЕРНАТИВА ЗА БИОЛОШКО ДЕТЕ Љубовта не е доволна
На луѓето кои не можат да забременат по природен пат, често им се кажува „само да посвојат“ или дека „има многу деца на кои им е потребен дом со љубов“. Работата е во тоа што кога станува збор за посвојување, љубовта не е доволна.
Трејси Витни е менаџер на содржини во Creating a Family, непрофитна организација фокусирана на посвојување и образование и поддршка за згрижување.
Во интервју за Инсајдер, Трејси објаснила дека посвојувањето не треба да се сфати како едноставна алтернатива за биолошко дете и дека е тоа нешто многу посложено и почувствително.
Сакала уште деца, но не сакала повеќе да поминува низ породување. Така започнало сѐ.
„Откако добив четири биолошки деца, чувствував дека не завршив со пречекот на новите членови на семејството, но знаев дека завршив со породувањето“, започнала Трејси.
Отсекогаш сум имал интерес за посвојување, а трауматичното раѓање на моето најмало биолошко дете ја запечати таа одлука. Мојот сопруг и јас почнавме да ги разгледуваме опциите за посвојување и откривме дека не привлекува програмата за посвојување на деца со посебни потреби од Кина. Во посвојувањето, „посебните потреби“ вклучуваат сè што го отежнува сместувањето на детето во едно семејство засекогаш“, вели Трејси.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.