ПОСТОТ НЕ Е ДИЕТА Совети со кои ќе направите најмногу за вашето здравје, за имунитетот и психата

Една од најголемите грешки за време на постот е прејадувањето со јаглехидрати и масти, што доведува до спротивен ефект од посакуваниот. Прекумерното внесување леб и печива често резултира со зголемување на телесната тежина наместо со детоксикација и здрава урамнотежена исхрана.

212

Денеска започнува Великиот или Велигденскиот пост, најдолгиот и најстрог пост во православната традиција. Оние кои го практикуваат треба да знаат дека суштината не е само во тоа одеднаш да престанат да консумираат производи од животинско потекло – токму тоа може да го загрози здравјето.

Постот е многу повеќе од воздржување од конзумирање производи од животинско потекло: тој вклучува умереност, воздржување од негативни мисли и конечно, променет режим на исхрана. Сепак, многу луѓе во овој период прават бројни грешки, од кои највидлива е зголемувањето на телесната тежина.






Постот не треба да биде начин за слабеење

Некои луѓе одлучуваат да постат со желба да ги променат секојдневните прехранбени навики и да јадат помалку месо, но и да ослабат. Наместо тоа, постои ефект на бумеранг: тие често се соочуваат со зголемување на телесната тежина поради прекумерна потрошувачка на тесто, масло, маргарин, сушено овошје и јаткасти плодови.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини