ПОСЕБНИ РОДЕНДЕНИ ЗА ПОСЕБНИ ДЕЦА Зум забави со познати личности, подароци, торти и роденденска песна
Од октомври минатата година на Фејсбук се појави групата „Посебни родендени“, на која се пријавуваат родендените на децата со атипичен развој за кои преку оваа иницијатива се подготвуваат изненадувања, торта, подарок, некоја играчка, облека, песна, одмор…
Зум забави со познати личности, подароци, торти и роденденска песна, се она што се организира од октомври минатата година на Фејсбук, во рамки на Фејсбук групата „Посебни родендени“, на која се пријавуваат родендените на децата со атипичен развој.
„Денес има роденден Антониј, Андреа, Мартина, Максим, Атанасија, Анастасија,….
Во 18 часот може да се приклучите и да бидете дел од оние кои ќе му/ѝ посакаат среќен роденден и заедно да пееме и да се дружиме.
5 минути се доволни за сите заедно да се видиме, подружиме и да испееме ‘среќен роденден’…“
Вака гласи текстот на Фејсбук страницата „Посебни родендени“, иницијатива на две мајки, Маргарет Курт Талески и на Ирена Лозана, воедно и организатори на иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ и е составен дел од таа иницијатива со цел создавање и растење на инклузивната свесност кај населението.
Последните настани со Ембла Адеми, девојчето со Даунов синдром од Гостивар, покажуваат дека тоа е повеќе од потребно затоа што, за жал, дури и сега, длабоко загазени во 21.век, голем дел од населението ја нема оваа свесност.
Повеќе за ова и за тоа како да станете дел од оваа иницијатива, прочитајте на порталот „Мајка и дете“.