ПОСЕАНО СЕМЕТО ЗА ИНКЛУЗИЈА И СОРАБОТКА Mакедонските и српските региони ќе ја развиваат социјалната економија

Во рамки на првата конференција за промоција на прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија” во Лесковац, меѓудругото, беа раскажани успешните приказни на неколку социјални претпријатија. На пример, приказната за тоа како ајварот од Лебане стигнал до европскиот пазар и пошироко, како садењето пиперки и домати може да ги зајакне жените од регионот, колку е важна интеграцијата на поранешните затвореници преку работен ангажман (производство на биохумус), итн.

138

Во Стопанската комора во Лесковац-Србија, вчера (29 септември) се одржа првата конференција по повод промоција на прекуграничниот проект „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија”.

На настанот се презентираа заклучоци од мапирањето на социјалните претпријатија во регионот, се изврши преглед на новодонесената законска рамка за солидарна економија во Србија и очекуваниот закон кај нас и се презентираа успешни примери на социјални претпријатија.






Учествуваа претставници на релевантни локални и национални чинители, социјални претприемачи од нашата држава и од Србија, граѓански организации кои делуваат во полето на социјалната инклузија и социјалната економија.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини