ПОРАНО И СЕГА Наместо чај од камилица и нане, денеска пиеме мача, банча и мате
Порано, се знаеше, или пиевме домашни сокови на растварање или густи домашни што ги викавме Фруктал, или јогурт, чај од камилица, нане или црн чај од Битпазар, кафе и вода. А потоа се појавија фрапиња, смудиња, витаминизирани води, флаширани чаеви, па дури и супи во шишиња, мача, банча и мате чаеви, и што уште не. Што пиевте вие порано, а што сега?
Трендовите во гастрономијата и прехранбената индустрија, во последниве години, ни кажуваат многу едноставна приказна. Сè повеќе луѓе пијат, а сè помалку јадат, поточно, сè повеќе сркаат, а сè помалку џвакаат.
Започна со супите кои се нарачуваат во чаши или шишиња и се пијат. Најпопуларна е онаа од говедски коски, бидејќи, како што велат, содржи колаген. (Тоа е она кога супата се желатизира додека се лади.)
Пијалаците, без разлика дали станува збор за супа од зеленчук или мача чај, треба да бидат функционални.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.