ПОРАНЕШНИОТ „КРАЛ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ“ УАПСЕН ВО ЦРНА ГОРА Црно му се пишува на До Квон

До Квон беше обвинет за измама и за кршење на законите за пазарот на капитал во неговата земја по колапсот на неговите крипто монети terraUSD и luna во мај. Глобалните инвеститори изгубиле 42 милијарди долари во овој период.

1,652

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, соопшти дека полицијата го уапсила јужнокорејскиот државјанин До Квон, за кого се смета дека е еден од најбараните бегалци во светот, објавија медиумите во Подгорица.

Аџиќ на Твитер изјави дека Квон е ко-основач и извршен директор на Тераформ Лабс со седиште во Сингапур и дека се чека официјална потврда за идентитетот.






Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица, со фалсификувани документи, а истото го бараат и Јужна Кореја, САД и Сингапур“, напиша Аџиќ.

Јужнокорејските обвинители веруваа дека До Квон се криел во Србија. Интерпол по него распишал потерница во септември годинава. Во октомври, обвинителите во Јужна Кореја објавија дека тој отпатувал во непозната земја преку Дубаи, откако го напуштил Сингапур, каде што било седиштето на неговата компанија.

Квон постојано негираше дека се крие, но исто така одбиваше да открие каде се наоѓа.

„Не сум во бегство или нешто слично. Ние соработуваме со сите и немам што да кријам“, изјави тој претходно на Твитер.

Квон беше обвинет за измама и за кршење на законите за пазарот на капитал во неговата земја по колапсот на неговите крипто монети terraUSD и luna во мај.

Иако во април таа валута се тргуваше по 116 долари, денешната вредност се проценува на 0,00002 долари.

Глобалните инвеститори изгубиле 42 милијарди долари во овој период, според податоците од блокчејн компанија.

Некои од нив ги загубија заштедите на овој начин, а голем дел од нив поднесоа и тужби против него.

 

Поврзани содржини