ПОРАДИ НАШИОТ РАЗВОД ЌЕРКА МИ ПИЕ АНТИДЕПРЕСИВИ И ЛЕКОВИ ЗА АНКСИОЗНОСТ Очаен татко стравува за иднината на своето дете
Моите деца не се отуѓија од мене, иако тоа беше мојот најголем страв, но затоа се случи ова што се случува сега со Марија. И ден денес, после 9 години од разводот уште водиме војна. Од минатата година, мојата ќеркичка која има само 16 години, страда од депресија и анксиозност и пие тешки лекарства, раскажува нашиот соговорник, разведен и татко на две деца кој го запознавме на Конференцијата за рамноправно родителство во Нови Сад.
Господин Давор го запознав на конференцијата за рамноправно родителство во Нови Сад. Повеќето од присутните на оваа конференција беа родители кои страдаат поради своите лоши разводи во кои главни губитници се нивните деца, главно разводи кои ги оставиле нив без деца, а децата без едниот родител. Разводи поради кои нивните деца повеќе не ги гледаат како свои родители, а тие страдаат поради неможноста да им бидат родители на сопствените деца.
Многупати сме пишувале на оваа тема, за случаи во кои децата се оружје за пресметка помеѓу поранешните партнери и најчесто завршуваат отуѓени од оној родител кој обично се препознава како „секундарен“. Оној кој наместо старателство врз своите деца во најдобар случај добива „секој втор викенд и двапати неделно по 3 часа родителски трошки, честопати ниту трошки, па на крајот децата повеќе не го гледаат како родител, туку како непријател.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.