ПОНЕСЕТЕ СИ ВИШОК ПЕШКИР ЗА НА ПЛАЖА Лежалките во Грција во јуни чинат 20 евра
Оваа сезона цените во Грција за дневно изнајмување на чадори за сонце се движат од 7 до 12 евра, додека сламенките се нешто поевтини и чинат од 4,5 до 7 евра. Што се однесува до душеците на надувување, изнајмувањето е скапо и се движи од 10 до 30 евра, додека крпите чинат од 10 до 15 евра.
Изнајмувањето чадори и комплет лежалки на некои грчки плажи чини цело богатство.
Меѓутоа, на некои базени посетителите можат да изнајмат чадори и лежалки и да платат од 3-5 евра со консумирање пијалак од барот што ги издава.
Оваа сезона цените за дневно изнајмување на чадори за сонце се движат од 7 до 12 евра, додека сламенките се нешто поевтини и чинат од 4,5 до 7 евра. Што се однесува до душеците на надувување, изнајмувањето е скапо и се движи од 10 до 30 евра, додека крпите чинат од 10 до 15 евра.
Оваа сезона на пливачите им претстои важен новитет кој им оди во прилог. Половина од секоја плажа мора да биде без лежалки за да бидат плажите достапни за секого и да може да се остане на плажа без никакви трошоци.
Туристите кои ќе забележат дека не е така, а не сакаат да платат лежалки, можат со апликацијата да пријават до надлежните органи, кои бргу реагираат со оглед дека користат дронови за контрола на ситуацијата. Казните за угостителите се големи и се движат од 5 до 25.000 евра.
На Инстаграм страната на nikana.gr се појави соопштение во кое се наведува дека на плажата „Палиури плажа“ се задолжителни резервациите, особено за време на викендите поради голема гужва.
– Цените на лежалките во претсезоната во баровите е 20 евра за цел комплет – пишува во публикацијата.
Со оглед на тоа дека повеќето туристи летуваат и до 10 дена, ако секој ден изнајмуваат комплет само за тоа задоволство, ќе треба да издвојат 200 евра.