ПОЛАРНИТЕ МЕЧКИ ПРИНУДЕНИ ДА МИГРИРААТ Бегаат од Америка во студената Русија
Просечната годишна температура во Алјаска порасна за 4,8 степени во последните 50 години, а еден од највидливите знаци на глобалното затоплување е масовниот егзодус на поларните мечки.
На Алјаска, на островот Кодијак, на 26 декември 2021 година е измерена рекордна висока температура од дури 19,4 степени Целзиусови.
Просечната годишна температура во Алјаска порасна за 4,8 степени во последните 50 години, а еден од највидливите знаци на глобалното затоплување е масовниот егзодус на поларните мечки.
Животните се принудени да мигрираат од Америка во Русија поради климатските промени.
Температурата од 19,4 степени Целзиусови измерена пред една недела е највисоката температура измерена досега во декември на Алјаска. Далеку на запад, на рускиот остров Врангел во соседното Чукиско Море, кое е богато со храна за мечките, нивната популација значително порасна.
Научниците изброиле рекордни 747 мечки во 2020 година.
⚫️Polar Bears are being forced to migrate from America to Russia due to climate change.
🌡️On Boxing Day, temperatures soared to a record 19.4C on the island of Kodiak in Alaska#Thread 👇https://t.co/727OIVjlyE pic.twitter.com/rh6LwJiYAJ
— Telegraph World News (@TelegraphWorld) January 2, 2022