ПОЛА МИЛИОН АМЕРИКАНЦИ ПОСТАРИ ОД 80 СЀ УШТЕ РАБОТАТ Дали би работеле вие по пензионирањето?

Речиси 550.000 Американци на возраст од 80 години и постари сè уште работат, а бројот расте.

44

Во текот на изминатите три месеци, „Бизнис инсајдер“ разговарал со над 100 членови на Тивката генерација – родени помеѓу 1928 и 1945 година – кои сè уште работат барем со скратено работно време од желба или од потреба. Меѓу нив се книговодители, адвокати, возачи на виљушкар, вработени во „Home Depot“ и други.

Повеќето велат дека уживаат во работата и ја ценат активноста и социјалниот момент. Многумина се во добра здравствена состојба, а околу половина од работниците со кои разговарал „Бизнис инсајдер“ рекле дека дополнителните пари им се корисни, но не и неопходни.






Нова страст во 80-тите

Харви Менделсон кој живее во Калифорнија, поседува и води бизнис со фото галерија и дигитално печатење во локален театар. Тој ги изложува своите дела и прави флаери за театарот. Не се исплаќа многу, но не му треба многу, вели тој. Нема долгови и вели дека иако не е богат, клучот за да остане финансиски стабилен е избегнувањето на подобрување на својот животен стил во пензија.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини