ПОЛЈАЦИТЕ ЌЕ СТАВААТ МИНИ КАЈ КОРИДОРОТ СУВАЛКИ? Се спрема нов баталјон, „Варшава сонува за територии“

Воениот блогер Денис Давидов на Телеграм напишал дека баталјонот „ќе биде опремен со полски системи за минирање Баобаб-К способни да создадат минско поле долго два километри и длабочина од 30-90 метри за 22 минути“. Самиот коридор е долг 100 километри и е најранливата точка во источна Европа каде може да се јави нова војна.

783

Варшава ќе формира инженерски баталјон кој ќе биде распореден во градот Августово во коридорот Сувал, објави на Твитер полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. Коридорот се наоѓа токму меѓу Белорусија и руската област Калининград која граничи со Полска.

„Во Августово наскоро ќе се формира инженерски баталјон, тоа е уште една воена единица што ја создаваме од почеток и ве уверувам дека нема да биде последна“, рече министерот.

 






Воениот блогер Денис Давидов на Телеграм напишал дека баталјонот „ќе биде опремен со полски системи за минирање Баобаб-К способни да создадат минско поле долго два километри и длабочина од 30-90 метри за 22 минути“.

Информацијата во врска со минирањето не е потврдена.

Според полскиот портал „Факт“, по пристигнувањето во август Блашчак, тој ги повикал младите да се приклучат на новиот баталјон, кој, според него, ќе започне со регрутирање на крајот на годината.

Полските државни функционери постојано изјавуваат дека регионот Сувал е најчувствителната рута, од воена гледна точка. Само сто километри долгиот коридор околу градот Сувалка може да предизвика нова војна.

Претходно беше објавено дека полските власти одлучиле да ги префрлат борбените единици од запад кон исток поради најавите на белоруските власти дека руските платеници „Вагнер“ ќе вежбаат на белоруско-полската граница.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека полските лидери, судејќи според сè, сметаат на формирање коалиција под заштита на НАТО за да се мешаат во украинскиот конфликт и да откинат што поголем дел од колачот за да ги вратат, како што сметаат, нивните историски територии – денешна Западна Украина.

Тој рече и дека е познато дека Полјаците сонуваат и за белоруски територии.

Поврзани содржини