ПОГУБЕН УБИЕЦ ВО МИСУРИ Нема да ви се верува што избрал за последниот оброк пред егзекуцијата

Пред својата смрт, Дорси напишал последната порака, во која изјавил: „Зборовите не можат да ја изразат тежината на мојата вина и срам“. Она што ги изненади сите е неговиот избор за последен оброк пред егзекуцијата.

4,324

Брајан Дорси (52) од Мисури бил погубен во вторникот во 18:11 часот по локално време во затворот Бон Тере, со инјекција на седатив пентобарбитал. Околу 10 часа пред тоа, гувернерот одбил да го помилува.

Пред својата смрт, Дорси напишал последната порака, во која изјавил: „Зборовите не можат да ја изразат тежината на мојата вина и срам“.






Тој бил осуден на смрт затоа што ги застрелал својата  братучедка Сара и нејзиниот сопруг Бенџамин Бони, во нивниот дом во Мисури во 2006 година. Тоа се случило два дена пред Божиќ во 2006 година. По трагичниот настан, нивната четиригодишна ќерка останала сама во куќата.

Последниот оброк на Дорси пред егзекуцијата биле два двојни чизбургера со сланина, две порции панирани пилешки гради, две големи порции помфрит и пица со колбаси, феферони, кромид и со печурки и дополнително сирење.

Гувернерот на Мисури, републиканецот Мајк Парсон, одбил да го помилува Дорси и покрај петицијата потпишана од 72 сегашни и поранешни затворски службеници, во која се потврдува дека Дорси бил рехабилитиран.

Врховниот суд на САД исто така отфрлил две одделни жалби на осудениот, без коментар.

 

Поврзани содржини