🎥 ПОГОДЕТЕ КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО САД ВО 2032 ГОДИНА Еве што предвидува Илон Маск

Најавен како „Оскари на науката“, настанот во сабоатата во Лос Анџелес ги чествуваше научниците заслужни за големи откритија. Но, очекувано, вниманието го одвлекоа големите ѕвезди.

478

Неверојатниот Илон Маск, одлично расположен на 10-то доделување на „Оскарот за науката“ во саботата во Лос Анџелес, вешто го избегна одговорот на новинарско прашање кој ќе победи на претседателските избори во 2024 година, но ги изненади сите со досетливоста.

– Вештачката интелигенција би можела да победи на претседателските избори во САД во 2032 година – рече Маск.






Холивуд и науката се обединија во саботата вечер, на 10-тото доделување на наградите „Пробив“ (Brakethrough prize), што се одржа во Академијата за филмски уметности и науки во Лос Анџелес.

Бил Гејтс уживаше со својата партнерка Пола Херд, со која беше во врска изминатава година. Таа претходно 30 години беше во брак со извршниот директор на Оракл, Марк Херд, кој почина во 2019 година.

Најавен како „Оскари на науката“, настанот ги чествуваше научниците заслужни за големи откритија.

Покрај нив, во публиката беа и Илон Маск, но и ѕвездите Ким Кардашијан, Марго Роби, Оливија Вајлд, Џесика Честејн, Кети Пери, Орландо Блум, Венус Вилијамс, Алиша Кис, Бредли Купер и други.

Поврзани содржини