ПОДОБРО „ФИСТЕРИЈАНЕЦ“ ОТКОЛКУ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ Мислите дека еколошки прифатливата исхрана значи да се откажете од она што го сакате?

За да биде вашата исхрана поприфатлива во однос на влијанието врз климатските промени, може да направите неколку едноставни промени. Според Британката Сара Бридл тоа може да е едноставно како менување на меленото говедско месо со пилешко или готвењето месо само за празници и за специјални пригоди, нешто што таа го нарекува feastarian (од feast, гозба, прослава…)

436

Може да биде едноставно како менување на меленото говедско месо со пилешко или готвењето месо за специјални пригоди. Има многу едноставни начини да ја направиме нашата исхрана климатски прифатлива, вели професорката Сара Бридл. Нејзините практични совети покажуваат како малите промени можат да направат голема разлика за планетата.

Поранешната професорка по астрофизика на Универзитетот во Манчестер во Велика Британија, го поминала најголемиот дел од 20 години гледајќи во други планети. Но, тогаш некои клучни настани во нејзиниот живот цврсто го фокусирале нејзиното внимание на оваа планета.






„Многу работи се случија одеднаш пред околу пет или нешто години“, вели таа. „Завршив голем проект по астрофизика, моите деца почнаа да одат на училиште и почнав повеќе да размислувам за иднината. Потоа еден мој поранешен ментор се разболе и умре, и тоа ме натера многу да размислувам за тоа која е целта на она што го правиме овде“.

Целиот текст побарајте го на „Арт кујна“.

Поврзани содржини