ПОДНЕЛА ОСТАВКА ЖЕНАТА ФАТЕНА ВО АФЕРА НА КОНЦЕРОТ НА КОЛДПЛЕЈ Избришани се профилите на двајцата прељубници од веб-страницата на компанијата

Покрај тоа што е избришан профилот на жената, снимена како го прегрнува извршниот директор на нејзината компанија на концерт на Колдплеј, отстрането е и ноемвриското соопштение со кое било објавено нејзиното вработување.

3,377

Кристин Кабот, жената којашто беше снимена како го прегрнува извршниот директор на нејзината компанија на концерт на Колдплеј, поднела оставка од компанијата „Астрономер“, објави Еј-Би-Си њуз.

Нејзиното заминување следи по оставката на извршниот директор Енди Бајрон, кој се повлече откако компанијата соопшти дека е ставен на присилен одмор додека трае истрага.






Инцидентот предизвика бран мимови, пародии и снимки од нивните изненадени лица што преплавија социјалните мрежи.

Кабот и Бајрон биле фатени неподготвени кога пејачот Крис Мартин побарал камерите да ја скенираат публиката за неговата песна „Џамботрон“ за време на концертот минатата недела на стадионот Џилет во Фоксборо, Масачусетс.

На екранот биле прикажани како се гушкаат и се смеат, но кога се забележале на големиот екран, Кабот останала со подотворена уста, ги ставила рацете на лицето и се свртела од камерата, додека, пак, Бајрон се наведнал надвор од кадарот.

– Или имаат афера или се само многу срамежливи –, се пошегувал Мартин во видеото што бргу се проширило низ интернетот.

Кога видеото првично се проширило онлајн, не било веднаш јасно кои се тие двајца, но интернет-детективи брзо ги откриле нивните идентитети. Компанијата подоцна го потврдила тоа во изјава за медиумите.

И профилите на двајцата сега се отстранети од веб-страницата на „Астрономер“, а избришано е и соопштението од ноември во кое било објавено вработувањето на Кабот.

„Астрономер“ е дотогаш малку позната технолошка компанија со седиште во Њујорк, која им нуди на големите компании платформа за организирање податоци.

Поврзани содржини