ПОДЕЛЕНА УКРАИНА МОЖЕ ДА БИДЕ НОВОТО ЕКОНОМСКО „ЧУДО“ Поранешен шеф на НАТО зборуваше за „корејското сценарио“
Во овој момент, Киев не е во позиција „да бара целосно повлекување на Русија од нејзината територија“, тврди Ставридис, промовирајќи го неговиот предлог како „реално сценарио кое ќе ја подготви Украина за успех со текот на времето“.
Украина ќе доживее „чудо во корејски стил“ ако престане да се бори во војната, смета Џејмс Ставридис, пензиониран американски адмирал и поранешен врховен командант на НАТО за Европа. Според негова колумна за Блумберг, на тој начин земјата е добие можност брзо да се обнови и ќе добие заштита од НАТО.
Пензионираниот поморски офицер понуди план од три точки за Украина во колумната, како „лекции кои Украина може да ги научи од Јужна Кореја“. Тој тврди дека со запирање на борбата со Русија сега, Киев ќе може економски да надвладее на долг рок.
„Украина ќе ја престигне Русија за неколку децении во однос на бруто домашниот производ, севкупното аграрно производство и секако во смисла да биде витално, демократско општество во кое луѓето сакаат да живеат“, напиша тој.
Во овој момент, Киев не е во позиција „да бара целосно повлекување на Русија од нејзината територија“, тврди Ставридис, промовирајќи го неговиот предлог како „реално сценарио кое ќе ја подготви Украина за успех со текот на времето“.
Тој тврди дека иако прекинот на непријателствата би бил горчливо апче за Украина, „рускиот претседател Владимир Путин исто така ќе го мрази таквиот исход“.
„Тоа ќе значи дека (Путин) очигледно и целосно потфрлил во својата цел да ја освои цела Украина“, пишува Ставридис.
Ставридис препорача членство во НАТО за Украина, но без заштита од член 5 за териториите контролирани од Русија, пишувајќи дека „секоја воена акција на НАТО за враќање на целосниот суверенитет би била колективна одлука“. Истата идеја за ограничено членство ја изнесе и поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен минатата недела.
Раното обезбедување на средства за реконструкција ќе биде клучно за потенцијалното украинско „чудо“, рече Ставридис, посочувајќи на околу 300 милијарди долари руски суверени средства како можен извор на финансирање.
Од друга страна, Русија повеќе пати прати сигнали дека е подготвена да седне на преговарачката маса. Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна ја отфрли истата можност.
Во моментов, внатре во Украина се води тивка битка меѓу поддржувачите на Зеленски и на врховниот генерал Залужни, а се погласни сѐ шпекулациите дека Зеленски би можел да биде сменет во некој но „мајдан“.
Лани, Русија се согласи на предложеното примирје од страна на Турција, кое предвидуваше Украина да биде неутрална демилитаризирана држава. Киев го отфрли договор.