ПОЧНАЛА ДА ПРАВИ ПЕЧИВА НА 5 ГОДИНИ Деветгодишната Лена е најмладиот бурек-мајстор во Србија
На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објавено е видео за најмладата мајсторка на бурек во Србија, а веројатно и во регионот, деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, која почнала да прави печива на петгодишна возраст.
Родителите на деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, во Србија, се сопственици на локална пекара, а таа од мала почнала да поминува време со нив во кујна.
На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ е објавено видео за малечката Лена која почнала да прави печива на петгодишна возраст.
Овој занает го научила од својот татко, а во видеото ги покажала своите вештини. Јутјуберот што го снимил на крајот имал можност да го проба бурекот што го направила.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.