ПОЧИНА ЖЕНАТА ШТО „УМРЕ ПА ОЖИВЕ“ ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА Била вратена во истата болница и доживеала уште еден мозочен удар
Министерството за здравство на Еквадор формираше комисија од експерти за да го разгледа нејзиниот случај.
Почина жената од Еквадор која пред една недела ги шокираше своите ожалостените членови на семејството откако „стана од мртвите“ додека се подготвуваа да ја погребаат.
Бела Монтоја (76) беше пронајдена жива, иако претходно смртта ја констатирал лекар во болница во градот Бабахоџо.
Откако ожалостените го слушнале нејзиното тропање од ковчегот, таа итно беше вратена во истата болница на лекување. Таа помина седум дена на интензивна нега, но потоа во петокот повторно починала од исхемичен мозочен удар, потврди Министерството за здравство на Еквадор.
По нејзината „втора“ смрт, г-ѓа Монтоја повторно беше вратена во истата погребна куќа каде што и претходно требаше да биде погребана. Министерството за здравство на Еквадор формираше комисија од експерти за да го разгледа нејзиниот случај.
Откако беше прогласена за мртва на 9 јуни, Монтоја беше ставена во ковчег и однесена во погребалното претпријатие во Бабахоџо, југозападно од главниот град Кито. Но, по речиси пет часа во ковчегот, жената тропнала од ковчегот, што го слушнале нејзините роднини кои пристигнале на погребот.
Бела Монтоја не е единствената личност која „оживеала“ откако официјално била прогласена за мртва. Во февруари годинава за една 82-годишна жена беше откриено дека дише додека лежеше во погребално претпријатие во државата Њујорк. Таа била прогласена за мртва три часа претходно во дом за стари лица.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) June 12, 2023