ПОЧИНА ТВОРЕЦОТ НА ВИНОТО „БАРОВО“ Светски познатиот енолог беше голем промотор на македонското вино во светот
„Изгубивме голем пријател и соработник. Неговиот придонес во развојот на 'Тиквеш' и на македонската винска индустрија е огромен. Токму преку енолошкиот тим на нашата винарница ќе продолжи да 'живее' духот на Камби“, велат од 'Тиквеш'.
Филип Камби, еден од најпознатите светски енолози заслужен за развојот на современата винска индустрија, ненадејно почина на 59-годишна возраст. Камби беше и еден од консултантите на Винарската визба „Тиквеш“ и на Chateau De Gourdon во Франција, каде што работеше во повеќе винарници, особено во долината на реката Рона.
Соработката помеѓу Камби и „Тиквеш“ започна во 2009 година, а веќе следната година тој беше прогласен за најдобар енолог во светот од страна на престижниот вински критичар Роберт Паркер. Во „Тиквеш“, Камби заедно со Марко Стојаковиќ, предводник на тимот енолози во винарницата, работеше на создавање на врвните тероар вина, денес едни од најнаградуваните – „Бела Вода“, „Барово“ и „Домен Лепово“. Покрај тоа, Камби помогна во идентификувањето на нови автентични микролокации во земјава и го промовираше македонскиот тероар.
Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.