ПОЧИНА ТВОРЕЦОТ НА НАЈПОЗНАТИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ КЕКСИ Кој беше првиот образован кексар во СФРЈ?
Петар Тутавац е творецот на бројни деликатеси, меѓу кои, прв негов популарен производ кој го направил како дипломска работа е познатата „Домаќица“, а ги создал и првите грисини во поранешна Југославија
Чоколадираното чајно пециво „Домаќица“ во асортиманот на „Краш“ е уште од 1957 година и е еден од производите кој придонесоа за препознатливоста на оваа компанија како омилен производ на генерации на потрошувачи ширум регионот.
На пример, кај нас дома тие беа речиси задолжително присутни секогаш како резервна варијанта, ако немаме ништо домашно или ако дојдат ненајавени гости. До ден денес овие кекси ги спојувам според формата, квадратче со квадратче, „срце со срце“, долгнавесто со долгнавесто и ги јадам како сендвичи.
Можеби и вие имате некој специфичен начин на кој ги јадете, но ако сте од генерациите кои пораснаа во поранешната држава, сигурно ви се многу добро познати. Дали некогаш сте се запрашале кој беше нивниот творец?
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“